Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во црква во Франција

Екстремната сунитска организација Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот во црквата на северот од Франција, во кој беше убиени 84-годишен свештеник, а уште едно лице е тешко повредено. 

Објавата на Исламската држава следеше кусо по нападот преку новинската агенција Amаq којашто се смета за блиска до оваа џихадистичка групација, и во неа се наведува дека двајцата напаѓачи биле нејзини „војници“.

Нападот, се додава, бил одговор на повиците на терористичката организација да ги напаѓаат државите кои учествуваат во меѓународната коалиција предводена од САД која „води војна против Исламската држава“ во Сирија и во Ирак.

„Соочени сме со Исламската држава, којашто ни прогласи војна. Мораме да ја водиме оваа војна со сите средства, почитувајќи ги правата по коишто сме демократија. Терористите сакаат да нé разделат“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.

Најави дека во вторникот вечер ќе се сретне со надбискупот на Нормандија, по што ќе има средба со челниците на сите конфесии во земјата. „Нападнати се сите Французи. Затоа мораме да останеме единствени, заедно, во заедништво кое никој нема да може да го разбие“, порача Оланд.

Нападот се одигра јужното од градот Руен, во црквата Сен-Етјен-ду-Рувре“. На свештеникот Жак Амел, ракоположен за свештеник уште во 1958 година, му беше пресечен гркланот, а уште еден заложник е во критична состојба,. Напаѓачите беа убиени од полицијата.

Еден од напаѓачите наводно од претходно ѝ бил познат на полицијата. Се обидел да замине во Сирија во 2015 година и враќето во Турција бил уапсен поради сомневање дека е поврзан со терористичка мрежа. Пуштен бил со електричен надзор, изјавил за AFP извор близок на истрагата. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Read more

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more
 

Вести

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе