Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Ница

Терористичка организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во јужниот француски град Ница, во кој беа убиени 84 луѓе.

„Лицето кое ја изведе операцијата во Ница, Франција, и ги покоси луѓето е еден од војниците на Исламската држава“, објави новинската агенција Amaq, блиска на екстремната сунитска организација Исламска држава.

„Тој ја изведе операцијата како одговор на повиците за цел да се земат државјани на земјите кои учествуваат во коалицијата која се бори против Исламската држава“, се додава во соопштението.

Истовремено во Париз, францускиот претседател Франсоа Оланд го свика својот кабинет за безбедност на седница на којашто се разгледуваат мерките за безбедност, додека истрагата настојува да ги утврди мотивите за нападот со камион во Ница во кој беа убиени 84 луѓе, а повеќе од 200 беа поведени.

Иако истрага сè уште не може да утврди дали напаѓачот имал контакти со радикалните исламисти, францускиот премиер Мануел Валс тврдеше дека „на овој или оној начин нападот е поврзан со верски екстремизам“.

Во меѓувреме, таткото на напаѓачот, по потекло од Тунис, инсистираше во изјава за агенцијата AFP дека неговиот син не бил религиозен.

„Не се молеше, пиеше па дури и земаше дроги“, изјави таткото на 31-годишниот Мохамед Лауеиж Булел, кого полицијата го уби откако повеќе од два километра возеше низ толпата луѓе на главното градско шеталиште во Ница.

Француската полиција утрово уапси три лица во Ница во рамките на истрагата за нападот кој се случи во четвртокот вечерта на прославата на францускиот национален празник Денот на падот на Бастилја – 14-ти јули. Француските власти и натаму се обидуваат да дознаат дали напаѓачот дејствувал во соработка со помагачи и дали неговиот мотиви се поврзани со радикалниот ислам.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе