Филм & ТВ

Исповед на ѕвездата на „Game of Thrones“: Размислував за самоубиство

18. април 2019 - 10:26 | А.С.

Актерката Софи Тарнер, која го игра ликот на Санса во популарната серија „Game of Thrones“, откри дека се борела со здравствен проблем во изминатите шест години.

Сѐ почнало откако на нејзина адреса почнале да стигнуваат коментари дека не знае да глуми и дека е дебела. За среќа, вели таа, нејзиното момче, пејачот Џо Џонас, бил тука за неа во најтешките моменти и ѝ кажувал дека мора да почне да се сака себе си.

„Имав депресија во изминатите шест години. Најголем предизвик ми беше да станам и да излезам од дома. Само плачев и плачев и плачев, а потоа се обидував да се облечам и си кажував: ‘Не, не можам’“, отворено кажа тарнер во едно интервју во кое додаде дека низ глава ѝ поминувале и мисли за самоубиство.

„Беше чудно... Би рекла дека не бев депресивна тогаш, но кога бев помлада многу размислував за самоубиство. Мислам дека никогаш нема да се помирам со тие мисли, дека никогаш нема да ги победам“, рече таа.

Мејси Вилијамс, нејзината колешка од „Game of Thrones“ со која буквално израснаа додека се снимаше серијата, исто така ѝ била поддршка откако ѝ се доверила за својата ситуација.

„Денес се сакам повеќе отколку порано. Сметам дека никој не треба да се срами од депресијата“, додаде Тарнер.

Коментирај