Историски пресврт: Volkswagen повеќе не е најпродаван во Кина

Според податоците на CMB (China Merchants Bank International), домашниот автомобилски гигант BYD во ноември на кинескиот пазар продал дури 152.863 возила, што е зголемување за дури 83 отсто во споредба со истиот месец во 2021 година.

Во исто време, Volkswagen продаде 143.602 автомобили, што е пад од 0,3% и падна на второто место на листата на најпопуларни автомобилски брендови во Кина.

Ако на резултатот на Volkswagen додадеме 36.847 продадени Audi, Volkswagen би ја задржал водечката позиција, пренесува Reuters.

Иако недостасуваат податоци за последните неколку денови од ноември за конечната месечна позиција, речиси е сигурно дека BYD за прв пат во историјата ќе биде најпродаваниот бренд на автомобили на кинескиот пазар.

Успехот е уште поголем бидејќи BYD нуди само електрични автомобили и plug-in хибриди. А кога станува збор за електричните автомобили, треба да се спомене и успехот на компанијата Tesla, која ја удвои продажбата во Кина, пред се благодарение на намалувањето на цените.

Потсетуваме дека BYD планира посилен ангажман во Европа, каде што ќе понуди многу конкурентни модели. Палетата наскоро би требало да опфати дури пет модели од овој бренд.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе