Ф1

Истрага против лице кое го фотографирало Шумахер

18. декември 2016 - 14:28 | Макфакс

Германското обвинителство покрена истрага против неименувано лице, кое тајно го фотографирало Михаел Шумахер и од медиумските куќи за фотографиите барало еден милион евра.

Германските медиуми наведуваат дека Шумахер бил снимен одблиску како лежи во болничкиот кревет. Медиумите не го наведуваат потеклото на фотографиите, но се претпоставува дека се сликани во една од болниците во кои бил сместен Шумахер.

Информациите за истрагата на обвинителството ги потврди и портпаролката на семејството Шумахер, Сабине Кем.

„Здравствената состојба на Михаел не е јавна работа. Сакаме да ја почитуваме неговата интима, бидејќи тој го има тоа право. толку можам да кажам во врска со овој случај“, истакнала Кем.

Михаел Шумахер се опоравува од тешките повреди на главата со кои се здоби на 29.декември 2013 година, на скијање во Франција. Долг период тој се наоѓаше во вештачка кома во болницата во Гренобл, а сега се рехабилитира во својот дом во Швајцарија. 

Коментирај