Истражете го светот преку трејлерот за „Dora and the Lost City of Gold“
Популарната детска ТВ серија „Dora the Explorer“ пристигнува и на филмското платно преку долгометражниот игран филм „Dora and the Lost City of Gold“. Изабела Монер се појавува во улогата на Дора, а покрај неа во филмот глумат уште Мајкл Пења, Ева Лонгорија и Дени Трехо.
Откако го помина целиот живот живеејќи во џунглата, Дора се наоѓа пред најтешката задача досега – да го преживее предизвикот наречен средно училиште. Но, опасноста веднаш ја пронаоѓа малата истражувачка и таа тргнува на незаборавна авантура.
Премиерата на „Dora and the Lost City of Gold“ е закажана за 2 август.