Истражување: Склоноста кон слатки и масни јадења зависи од мозокот

Склоноста кон слатки и масни закуски е нешто што мозокот самиот го учи и тоа нема многу врска со „недостатокот на волја“ за нивно избегнување, посочува ново истражување на германски научници.

Иако човек знае дека не треба, тој/таа сепак ќе посегне по благо или масно јадење. Тука спаѓаат чоколадо, чипс, помфрит и други причинители на зависност... И, во наша одбрана велиме дека „ѓаволот нѐ тера да го правиме тоа“, но новиот научен труд покажува дека всушност мозокот нѐ тера да јадеме слатка или мрсна храна.

Меѓународен тим научници предводен од Институтот за метаболичко истражување „Макс Планк“, со седиште во Минхен, избра повеќе луѓе со нормална тежина, кои треба да јадат високомастен пудинг двапати седмично, осум недели. Според пропорцијата на млечна маст, истовремено консумирале и други намирници што обично ги јадат на дневна основа. Написот е објавен во Cell Metabolism.

Друга, контролната група добила порција пудинг со иста количина на калории, но со помалку масти и шеќери.

Пред и за време на испитувањата, научниците ја следеле мозочната активност на испитаниците.

„Ние сме склони да јадеме храна богата со масти и шеќер - т.н. западен начин на исхрана, може да биде вродена или да се развие како последица на прекумерната тежина. Но, ние веруваме дека оваа навика нашиот мозок ја учи, всушност“, појасни Шармили Едвин Танараџа, научен соработник во Институтот „Макс Планк“, претставувајќи ја главната хипотеза на трудот.

Научниците откриле дека мозочната активност значително се зголемила кај ипитаниците што јаделе пудинг со повеќе маснотии и шеќер, кој конкретно го активирал допаминергичниот систем (којшто вклучува допамин (хормонот на среќа, задоволство и мотивација).

Допаминот е познат како хормон што овозможува „да се чувствуваме добро“. Мозокот ослободува допамин при јадење, секс, среќа.

„Мерењата на мозочната активност кај испитаниците покажаа дека самиот мозок се пренасочува кога јадеме чипс и слична храна. Тоа потсвесно нѐ учи да претпочитаме храна со којашто 'се наградуваме' себеси. Преку овие промени во мозокот, несвесно ќе претпочитате храна што содржи многу масти и шеќер“, објасни раководителот на истражувањето, Марк Титгемајер.

Комбинацијата на масти и шеќер е „комбинација што особено наградува“.

Научниците ја поддржуваат, но сѐ уште не можат да ја докажат нивната хипотеза, делумно поради засега малиот број испитаници - само 57 луѓе. Тие истакнуваат дека резултатите би можеле да бидат различни кај различни луѓе со прекумерна телесна тежина, различни навики во исхраната и некои други фактори.

реклама

Грчки археолози открија мистериозна тркалезна градба стара 4.000 години

Read more

Преработена храна што треба да се јаде и при процесот на слабеење

Read more

Срушен рекордот за најбрз гол на ЕУРО: Албанија погоди по само 23 секунди

Read more

Што си дробел, тоа ќе сркаш

Read more

Здравје

Црвеното грозје го намалува холестеролот и има антистареечки ефекти

Read more

Една вообичаена навика може да предизвика губење на видот

Read more

Храна која го надополнува недостатокот на витамин Д

Read more

Дали навистина треба да пиеме чаша вода кога ќе се разбудиме?

Read more
 

Магазин

Како се одмаздуваат хороскопските знаци?

Читај повеќе

Кои раси на кучиња живеат најдолго?

Читај повеќе

Што си дробел, тоа ќе сркаш

Читај повеќе

Преработена храна што треба да се јаде и при процесот на слабеење

Читај повеќе

За гурмани: Докопани во сос од сланина, јаболка и павлака

Читај повеќе

Четири нискогликемиски намирници кои поддржуваат здраво слабеење

Читај повеќе

Летото ќе промени сѐ: Хороскопски знаци кои мора да се подготват за љубовни турбуленции

Читај повеќе

Маск му донесе интернет на племе во Амазон и ги навлече на порнографија

Читај повеќе

Црвеното грозје го намалува холестеролот и има антистареечки ефекти

Читај повеќе