Живот

Истражување: Првородените деца се попаметни

17. април 2019 - 14:52 | Б.С.Б.

Ако имате постар брат или сестра, веројатно нема да ви се допаднат резултатите од ова истражување.

Заедничка студија на научници од Универзитетот во Единбург и Универзитетот во Сиднеј покажува дека најстарите деца во семејството имаат поразвиена логика, како и подобри резултати на тестови за интелигенција од нивните помлади браќа и сестри, уште на најрана возраст, пишува Guardian.

Научниците мислат дека објаснувањето би можело да лежи во тоа што првородените деца добиваат повеќе интелектуални стимулации. Иако родителите се трудат на децата да им пружат исто ниво на емоционална и интелектуална поддршка, најстарото дете секогаш ќе го има нивното неподелено внимание, благодарение на фактот дека сè уште нема никој со кого тоа внимание би можел да го подели.

Во текот на истражувањето научниците набљудувале скоро 5.000 деца на возраст до 14 години, земајќи ги обѕир нивното семејно потекло и економските услови во кои растат.

Првородените деца имале подобри резултати на тестови, вклучувајќи и тестови на читање и речник.

Но, постои и еден недостаток кога сте најстарото дете во семејството. Истражување од 2009 година покажа дека првородените деца се соочуваат со двојно поголеми очекувања од родителите во текот на школувањето, за разлика од помладите браќа и сестри.

Коментирај