Италија: Бројот на жртвите во земјотресот се искачи на 73

Најмалку 73 луѓе загинале, а околу 150 се повредени во силниот земјотрес што утрово ја погоди централна Италија, соопштија од Одделот за цивилна заштита.

„Мораме да соопштиме дека бројот на жртвите достигна 73 луѓе. И како што досега истакнувавме, овие податоци не се конечни“, се вели во објавата на службата.

Потресот со магнитуда од 6,0 според Рихтер ги погоди покраините Лацио и Марке, а по главниот потрес во 3.30 часот изутрината, следел уште еден силен удар со магнитуда 5,4 и околу стотина помали потреси, од кои 55 биле со магнитуда од 3 според Рихтер.

Епицентарот бил на 10 километри југоисточно од Норчија, град во регионот Умбрија, околу 150 километри североисточно од Рим, објавија сеизмолозите. Покрај во италијанската престолнина, земјотресот бил почувствуван и во Фиорентина и во Болоња. Уривања се регистрирани во три италијански региона, Лацио, Умбрија и Марке.

Најпогодени се градовите Аматриче, Акумоли и Пескара дел Тронто, кои според италијанските медиуми изгледаат како да биле бомбардирани.

Од местото Аматриче јавија за најмалку 35 мртви.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=Am4eTmpjVp0]

„Аматриче повеќе го нема, сето е во урнатини“, изјави градоначалникот Серџо Пироци. Околу 2.600 луѓе останале без покрив над главата. „Станува збор за истата трагедија каква што ја погоди Лаквила пред седум години“, рече тој алудирајќи на земјотресот во кој животот го загубија 300 луѓе, а градот е потполно разорен.

Во Аматриче, кој се наоѓа во еден од најживописните краеви на Италија, свои викенд куќи имаат многу познати семејства и личности од Рим. Аматриче беше познато како кулинарско место и се гордее со називот „родниот град на шпагетите аматричиана“.

Во Акумоли, во близина на епицентарот на потресот, загинале најмалку единаесет лица, меѓу кои и едно цело четиричлено семејство. Евакуирани се 2.500 жители. Градоначалникот Стефано Петручи изјави дека ниедна куќа или зграда не е за живеење.

„Мораме да подигнеме шаторска населба за да ги сместиме сите“, рече и додаде дека навечер температурата во ова место паѓа и до 10 Целзиусови степени.

Уште четиринаесет мртви се најдени во Пескара дел Тронто во регионот Марке. Во Арквати пријавени се три жртви, а едно девојченце е извадено живо од урнатините, но за жал подоцна починало во болница.

„Никој нема да го оставиме сам“, изјави италијанскиот претседател Матео Ренци кој подоцна во текот на денот ќе ги посети настраданите подрачја. Им се заблагодари на оние кои со голи раце ги спасуваат луѓето од урнатините.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе