Италија: Бројот на жртвите во земјотресот се зголеми на 267

Бројот на загинатите во силниот земјотрес кој во средата (24-ти август) го погоди централниот дел од Италија во петокот се зголеми на 267, а 387 луѓе уште се наоѓаат во болниците, објави италијанската служба за цивилна заштита.

Денеска романското министерство за надворешни работи објави дека во земјотресот со магнитуда од 6,0 по Рихтер од средата загинале шест државјани на Романија, а уште петмина се повредени и се хоспитализирани. Уште 17 државјани на Романија се сметаат за исчезнати во земјотресот во централна Италија.

Почвата продолжи да се тресе и ноќта кон петокот во централна Италија, каде што неколку села се урнати во потресот од средата, а спасувачите ја продолжуваат потрагата по евентуално преживеаните.

Според италијанскиот национален центар за земјотреси, синоќа се регистрирани 57 помали потреси, меѓу кои серија со магнитуда од 3 до 3,8 околу полноќ. Вкупно од средата се регистрирани 900 треперења на почвата со различни магнитуди.

Власите сé уште не можат да го одредат бројот на вкупно исчезнатите лица. Населението на овие живописни туристички гратчиња се зголемува двојно или тројно во текот на летото и тешко е да се знае прецизно колку лица имало во областа во малите хотели или викенд куќи во моментот на трагедијата. Вкупно меѓу загинатите се најмалку осум странци, меѓутоа италијанските власти не ја соопштија нивната националност.

Околу локациите погодени од земјотресот поставени се шатори кои се загреваат преку ноќта зашто во овој планински дел од Италија температурите можат да паднат и под 10 Целзиусови степени. Многу шатори, меѓутоа, останале празни, бидејќи некои жители се засолнале кај роднини или пријател, а некои, пак, повеќе сакале да минат уште една ноќ во своите автомобили.

Италијанската влада вчера вети спроведување на планот за превенција од земјотреси на целиот полуостров и деблокирање на првата транша од помошта за погодените области од 50 милиони евра.

Повеќе до 24 часа по земјотресот, италијанската јавност се прашува за причините за толку големиот број загинати во планинската област, која е релативно слабо населена, и каде што најмалку три села се делумно урнати. Во април 2009 година во земјотресот во Аквила, недалеку од зоната на земјотресот од средата, имаше повеќе од 300 загинати, но станува збор за град со неколку десетина жители.

Италија е особено шокирана со случајот на училиштето во Аматриче, обновено во 2012 година, за да биде прилагодено на нормите против земјотреси, а се урна во сегашниот потрес од средата. Обвинителот од Риети, град во близина на местото на потресот, отвори истрага поради процена на евентуалните малверзации при градењето објекти во Аматриче и другите села.

Свесен за овие прашања, италијанскиот премиер Матео Ренци најави во четвртокот вечерта покренување на планот за превенции наречен „Каза Италија“, кој ќе биде централната точка на дејствување на неговата влада во таа насока. „Италија мора да има визија која не се ограничува на управувањето со вонредните ситуации“, појасни Ренци пред новинарите по завршувањето на седницата на советот на министрите.

Земјотресот од средата оштетил или уништил 293 објекти кои имаат културна вредност, соопшти министерот за култура Дарио Франческини.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more

Полска подготвена за голема војна со Путин

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе