ФИНА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ВОДЕНИ СПОРТОВИ 2024 ДОХА

Италија и Хрватска ќе се борат за светската титула во ватерполо

Ватерполо репрезентациите на Италија и Хрватска ќе се борат за златниот медал на Светското првенство во водени спортови во Доха, Катар. Италија во полуфиналето ја победи Шпанија со 8:6, а Хрватска во вистинска драма по 11:11 на пенали ја победи Франција со 6:5.

Европскиот првак Шпанија потклекна пред гранитната одбрана на Италија, предводена од голманот Марко дел Лонго. Благодарение на неовите интервенции, Италија во финишот на првото полувреме дојде до недостижна предност од 6:2. Шпанците успеаја да дојдат до 6:5, но до крајот Франческо ди Фулфио и Андреа Фондели постигнаа голови за конечен триумф на „Аѕурите“.

Голманот Дел Лунго со 12 интервенции беше најдобар играч на натпреварот.

Во второто полуфинале Хрватите се изнамачија со најпријатното изненадување на турнирот, селекцијата на Франција.

Се чинеше дека Хрватска лесно ќе избори место во финалето кога во последниот период влезе со предност од три гола (9:6). Но, во последната четвртина Французите целосно се вратија во игра. При резултат 10:10, Франција не искористи напад со играч повеќе, а на 52 секунди до крајот Лорен Фатовиќ им донесе предност на Хрватите. Франција израмни на 18 секунди до крајот кога Хас постигна гол.

Во пенал серијата Хрватите ги погодија сите шест пенали, додека кај Французите трагичар беше Хас чиј удар голманот Мате Аниќ го одбрани во шестата серија.

Финалето ќе се игра в сабота од 15:30 часот по македонско време.

Тагови
реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе