Италија планира да воведе „интернет данок“

Италија има намера да го спроведе својот план за воведување нов данок на дигиталните компании, вклучувајќи ги и американските технолошки гиганти, и покрај заканите за одмазда кои доаѓаат од Вашингтон, соопшти денеска италијанскиот заменик-министер за економија Антонио Мисијани.

Италија ќе наметне данок од три проценти следната година за одредени интернет трансакции на големите дигитални компании, како Facebook, Google и Amazon, се наведува во текстот за нацрт-буџетот.

Американски претставници постојано тврдат дека тој данок неправедно ќе влијае на американските компании. Висок официјален претставник на САД изјави дека претседателот Доналд Трамп бил подготвен да се закани со одмазда на состанокот со италијанскиот претседател Серџо Матарела минатиот месец во Вашингтон.

– Сегашниот текст на нацрт-буџетот е потврден. Не планираме да го менуваме, рече Мисијани.

Италија и други земји-членки на ЕУ веќе долго време истакнуваат дека им пречи што Facebook, Google и другите дигитални гиганти кај нив остваруваат огромни профити, а даночните обврски им изнесуваат само неколку милиони евра.

Дигиталните компании го пренасочуваат профитот во земји со ниски или дури и нула даночни стапки, како што е Ирска, бидејќи согласно меѓународните даночни прописи обврзани се да плаќаат даноци само во земјата каде што се регистрирани.

Новиот италијански данок треба да го плаќаат само компаниите со годишни приходи поголеми од 750 милиони евра и вредност на дигиталните услуги поголема од 5,5 милиони евра.

Минатиот декември, Министерството за финансии ги процени годишните приходи од новиот данок на околу 600 милиони евра.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе