Култура

Италијанскиот амбасадор одликува 4 професорки со „Редот на Ѕвездата на Италија“

2. октомври 2019 - 13:01 | Ф.З.

Четири професорки од катедрата за Италијански јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје синоќа беа свечено одликувани од страна на амбасадорот Карло Ромео.

Професорките Анастасија Ѓурчинова, Радица Никодиновска, Алесандра Саржоска и Љиљана Узуновиќ се здобија со одликувањето „Ordine della Stella d’Italia“ (Ред на Ѕвездата на Италија). Како што велат од Италијанската амбасада, одликувањата се доделени поради „огромни заслуги во текот на изминатите години за промовирање на италијанскиот јазик и култура“.

Катедрата за Италијански јазик и книжевност важи за најактивна во државава при промовирањето на јазикот кој го изучува преку организирање на разно-разни манифестациии во текот на целата година, а Италијанската амбасада несебично се вклучува во повеќето проекти.

Редот на Ѕвездата“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на Ѕвездата на италијанската солидарност“, а од 2011 го носи новото име.

Фото: Ambasciata d'Italia in Skopje

Коментирај