Останати спортови

Иван Саздов една година во аут

11. мај 2011 - 9:57 | Макфакс

Натпреварувачката комисија на Кошаркарскиот сојуз на Македонија по повод немилите сцени кои се случија на последниот натпревар помеѓу КК Работнички Кубус и КК МЗТ Скопје донесе соодветни одлуки.

Играчот на КК Работнички поради напад на противнички играч, фрленото шише кон противничките играчи, а поради фактот дека на истиот играч ова неспортско однесување повторно му се случува го казни со забрана на настап во траење од една година, односно до 08.05.2012 година.

За останатите актери и прекршители се изречени парични казни:

МЗТ Скопје поради националистичко и неспортско навивање на своите навивачи е казнет со 6.000 денари.

Ефтим Богоев (Работнички) со 4.000 денари за две технички грешки.

Владимир Филиповиќ (Работнички), Златко Гоцевски (МЗТ) и Чарли Дарнел со 2.000 денари за една техничка грешка.

КК Работнички заради неспортско однесување на навивачите (6.000 ден), фрлање меки предмети на теренот (2.000), фрлање тврди предмети (10.000), за пропусти во организацијата (4.000) и за влегување во терен на неслужбени лица (10.000), или вкупната парична казна за клубот од Градски парк е 32.000 денари.

Коментирај