Иванов до пратениците: Јас ве слушав цела година, барем сега, еднаш, сослушајте ме вие мене

Претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска во традиционалното годишно обраќање пред пратениците во македонското Собрание, побара од парламентрарното мнозинство да смогне сили и да го отфрли Договорот од Преспа.

„Сѐ уште се надевам дека ова парламентарно мнозинство ќе смогне сила и ќе го послуша гласот на народот и ќе ја отфрли преспанската спогодба и амандманите за промена на Уставот“, рече претседателот Иванов од говорницата во македонското собрание, во обраќањето на кое присуствуваа премиерот Зоран Заев, спикерот Талат Џафери, министри во Влдата, претставници на судската власт, на АРМ, на верските заедници и дипломатскиот кор.

Шефот на државата во своето последно годишно обраќање зборуваше и за гаранциите за премиерот Заев.

„Нема ден, а некој да не ме праша зошто ги прифатив, а уште повеќе зошто не ги активирав гаранциите на Заев за да му го дадам мандатот. Мојот одговор е дека со неговиот потпис на тие писмени гаранции јас ставив вето на законот за употреба на јазиците и законот за ратификација на спогодбата од Преспа. Со тоа, гаранциите се активирани. А активирани се бидејќи сме соочени со апсурд“, порача претседател Иванов од собраниската говорница.

Тој посочи дека според последните истражувања, мнозинството млади сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока и дека тоа не треба да никого да изненадува, бидејќи, како што рече станавме држава во која се започнува наопаку.

„Прво се побара поддршка од граѓаните на избори, а дури потоа им се соопшти дека всушност гласале за Тиранска платформа и грчка спогодба. Прво се донесе закон за употреба на јазиците, а дури потоа се најави дека ќе се побарало мислење од Венецијанската комисија. Прво се апсеа пратеници, а дури потоа им се симнуваше пратеничкиот имунитет. Прво се прифати спогодба за името, а дури потоа бев информиран како Претседател на државата. Прво се донесе таа штетна грчка спогодба, а дури потоа граѓаните беа прашани на референдум“, нагласи Иванов, дополнувајќи и дека власта прво се согласила на промена на Уставот, а потоа изнудува 2/3 мнозинство, и тоа преку уцена на пратеници, рече меѓу другото Иванов, во говорот кој беше поздравен со аплаузи од опозицијата во парламентот.

Но, кога неговото обраќање беше прекинато од гласни коментари на пратеници на власта, Иванов им се обрати со зборовите:

„Покажете си го нивото на политичка култура пред целиот дипломатски кор.“

И додаде: „Јас ве слушав цела година, барем сега, еднаш, сослушајте ме вие мене. Ајде смирете се. Ајде вашите лични фрустрации потиснете ги!“

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе