Иванов прекршил закони и Устав со аболицијата, но ја одбранил земјата од мигранти

Опозицијата на првата седница на Комисијата за утврдување на оправданоста за поведување постапка за отповикување на претседателот Ѓорге Иванов, аргументираше, дека тој, со аболицијата на 56 политичари и нивни соработници прекршил повеќе законски и уставни норми, а власта го бранеше сметајќи дека тој застанал на браникот на државата и не дозволил бегалската криза да ескалира.

Пратеничката од СДСМ Рената Дескоска, рече дека постапката за импичмент има за цел враќање на принципите на одговорност, правичност, правда и еднаквост.

„Одговорност на оваа комисија е дали е ќе го одбрани Уставот од противправните акти преземени од претседателот или комисијата ќе остане нем набљудувач на кршењето на овој акт донесен од граѓаните. Ние сме тука да го одбраниме Уставот, бидејќи кршење на Уставот е кршење на волјата на граѓаните“, рече Дескоска.

Објасни дека политичка криза која произлегла од криминалното работење на власта не може да биде решена со помилување.

„Правната одговорност произлегла од фактот што тој злоупотребувајќи ја својата функција и злоупотребувајќи ги надлежностите како претседател спротивно на законските норми донел одлука за, како што тој вели, општ прекин на сите кривични постапки против политичари и нивните соработници. Со овие одлуки Иванов прекрши неколку одредби од Уставот“ - рече Дескоска.

Според неа, прекршени одредбите кои се однесуваат на заштита на темелни вредности на уставниот поредок како владеење на правото и поделбата на власта, членот 9 кој забранува дискриминација по основ на општествена положба, членот 68 став 1 кој предвидува надлежност на Собранието да дава амнестија, член 84 што ги предвидува надлежностите на претседателот на РМ и членот 106 кој ги предвидува надлежностите на јавното обвинителство.

„Иванов даде 107 помилувања на 56 лица, некои беа помилувани и по 16 пати. Со својата масовност и опфат на лица и дела неговите акти се всушност давање амнестија. Тој дури и во својот говор одржан на пре сконференција истиот ден го користи исклучиво зборот амнестија. Ниту еднаш не го употреби зборот помилување или аболиција туку само амнестија. На сите им е познато дека амнестијата е во надлежност на Собранието, а не на претседателот на државата. Иванов си присвои овластувања што Уставот го резервирал за Собранието. Со тој упат Иванов го прекрши членот 8 став 1 алинеја 4, односно начелото на поделба на власт, членот 68 став 1 кој предвидува надлежност на Собранието да дава амнестија, член 84 што ги предвидува надлежностите на претседателот на РМ“, рече Дескоска. 
За тоа дека е прекршено начелото на владеење на правото, Дескоска агрументира дека наводната основа согласно која ја носи оваа одлука, беше укината со измени од 2009 година со што законот не дава претседателот да врши помилување без претходно спроведена постапка. „Но дури и да постоел членот 11 Иванов повторно би одговарал за негова злоупотреба бидејќи според тој член може да дава помилување беа претходна постапка по исклучок, а 107 помилувања не може да се смета за исклучок“, рече Дескоска.

Појасни и дека со одлуката на Иванов се прекршува и забраната за дискриминација врз основ на општествена положба бидејќи во неговата одлука е предвидено лицата да се политичари и нивните соработници, со што привилигира одредена група врз основ на недоволен критериум општествена положба.

Иванов го прекрши начелото на владеење на правото и на поделба на власта, смета опозицијата бидејќи со неговата одлука практично го онеспособи СЈО да ја врши својата надлежност и изврши упад и во судската и во законодавната власт. 

Според пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ се држи до формата, а не до суштината, а тоа го прави затоа што поднесува неидржани предлози.

„Барањето е целосно неиздржано, вршите атак врз институцијата претседател на државата, ова е последен чин во вашата драма за уривање на државата. И после одлуката за помилување претседателот на државата според анкетите има поддршка од 53 отсто од граѓаните без разлика на верска и етничка припадност“, рече Мукоски.

Според него, Иванов е заслужен што во земјава не се создале поголеми проблеми поради бегалската криза и појасни дека укинатиот член 11 од Законот за помилување е вратен.

Талат Џафери од ДУИ рече дека со одлуката за Иванов е повредено начелото на поделба на власта и затоа смета дека има можност да се поведе постапка за испитување на неговата одговорност. 

„За одлуката да помине треба двотретинско мнозинство па ќе видиме кој како ќе гласа“, рече Џафери.

Комисијата продолжува со работа и во петок, а следната недела треба да подготви предлог-одлука за тоа дали е издржано барањето на опозицијата за импичмент. Потоа дискусијата ќе се префрли на пленарна собраниска седница. Ако Собранието го поддржи барањето на СДСМ по одлуката ќе треба да се изјасни Уставниот суд.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе