Притисокот врз Република Македонија за промена на името е перманентен, додека на Грција никој не и врши притисок, рече претседателот Ѓорге Иванов во отвореното интервју со главните уредници на националните телевизии.
„Денес нашиот воздушен простор го нарушија грчки воени авиони. Тоа е демонстрација на воена сила и демонстрација чиј диктат треба да се задоволи. Сакаме решение, но без уцени“, рече Иванов.
Тој уште додаде дека мигрантската криза покажала дека никој немал проблем со употребата на уставното име, па дури и грчки министри тоа го направиле.