Избришаните сцени од „Suicide Squad“ што ги немате видено досега
Секој кој го гледал филмот „Suicide Squad“ има забележано дека во филмот недостасуваат многу сцени, со оглед на дупките во финалната приказна. Особено е забележлив недостатокот околу ликот на Џокер што го толкуваше Џеред Лето.
Во претходно интервју за Telestar, Лето изјави дека постојат многу сцени што не се појавија во финалната верзија на филмот. YouTube корисникот RedDawnHanger77 објави видео со токму такви сцени.