Изгоре јапонскиот историски замок Шури

Токио, 31 октомври 2019 (МИА) – Замокот Шури во јужна Јапонија, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО речиси целосно изгоре во пожар.

Во гаснењето на пожарот, кој избувнал во замокот од 14 век кој се наоѓа во градот Наха во провинцијата Окинава, учествувале повеќе од 20 противпожарни екипи.

Пожарот уништи седум главни структури на околу 4.800 метри квадратни на рид во градот Наха, но нема извештаи за повредени, објавија јапонските медиуми.

– Шокирани сме од загубата на замокот, изјави градоначалничката на Наха, Микико Широма.

– Загубивме симбол од историјата на Окинава, истакна таа.

Пожарот почнал непосредно пред 2:40 часот во замокот во Наха, главен град на префектурата Окинава, по што десетици жители ги напуштиле своите домови.

Пожарот бил изгаснат околу 11 часа подоцна.

Локалните власти се сомневаат дека пожарот почнал во главната хала, но причините за огнената стихија сѐ уште се утврдуваат.

Полицијата покрена истрага за причините за пожарот.

Замокот Шури е главна туристичка дестинација на Окинава. Тој го претставува Кралството Рикију, кое траело 450 години се додека независното кралство не било анектирано од Јапонија во 1879 година.

Американски сили го бомбардираа замокот во 1945 година за време на Битката за Окинава. Беше реконструиран во 1992 година.

Замокот Шури, или Шуриџо, во 2000 година беше ставен на листата на локации од светско културно наследство.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе