Излезната врата беше заклучена, побегнавме во подрум, велат сведоци на нападот во Москва

Макфакс
/ 23.03.2024 / 11:51

Најмалку 40 луѓе беа убиени, а повеќе од 100 ранети кога вооружени лица отворија оган со автоматско оружје врз луѓето во концертната сала „Crocus City Hall“ во близина на Москва, во еден од најтешките такви напади во Русија во последниве години.

Засега сѐ уште не е јасно кои се напаѓачите. Руските новински агенции јавуваат дека на местото се 70 возила на брза помош. Видеото до кое дојде новинската агенција Reuters покажува голем пожар и чад што се издига од салата. Руското Министерство за надворешни работи го опиша инцидентот како „терористички напад“.

Remote video URL

Руските истражители отворија кривична истрага за нападот, нарекувајќи го „терористички чин“. Снимките на социјалните мрежи покажаа вооружени лица во концертната сала, додека државните медиуми објавија дека некои луѓе сè уште се внатре. Новинската агенција Тасс објави дека една третина од концертната сала е во пламен, а покривот е речиси целосно опожарен.

Remote video URL

Руските медиуми пренесуваат изјави на сведоци од „Crocus City Hall“. Виталиј вели дека бил во концертната сала на еден од катовите.

„Слушнавме истрели, прво не знаевме што се случува. Потоа видов како терористи пукаат во луѓе“, сведочеше тој.

„Фрлија неколку запаливи бомби, сè почна да гори. Нè доведоа кон излезот. Излезната врата беше заклучена, па отидовме во подрумот каде ги чекавме спасувачите“.

Remote video URL

Неименуваниот сведок вели дека родители биле со деца на натпревар во танц кога почнало пукањето.

„На натпреварот имаше деца и тинејџери. Дојдоа луѓе и рекоа дека има пукање“, рече сведокот, додавајќи дека имало гужва и дека децата истрчале во фустани за танцување.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин објави дека по пукањето во концертната сала, сите јавни настани во текот на викендов се откажани.

Remote video URL

„Решив да ги откажам сите спортски, културни и други масовни настани во Москва за време на викендот“, изјави градоначалникот на мрежата Telegram.

Американската амбасада во Русија претходно овој месец објави дека „екстремистите“ имаат планови да ја нападнат Москва во блиска иднина. Таа го издаде предупредувањето само неколку часа откако ФСБ, објави дека спречила напад врз синагога во Москва од страна на милитантна сунитска муслиманска ќелија која и припаѓа на Исламската Држава.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе