Изложба на фотографии „50 Нијанси воздух“  во еко-автобусите на ЈСП

Скопје, 26 ноември 2020 (МИА) – Во седум еко-автобуси на ЈСП-Скопје, на линиите  2, 5, 15, 24 и 50, од вчера е поставена изложба „50 нијанси воздух“ која ќе трае еден месец, во организација на Шведската амбасада и невладината „Еко-свест“.

Минатиот месец Амбасадата организираше натпревар за аматерски фотографии кои го прикажуваат проблемот со аерозагадувањето, како и можни решенија кои секој поединец може да ги примени за да помогне во подобрувањето на квалитетот на воздухот.

Како партнер во дел од активностите е и проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“ финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида, а го спроведува Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП).

 Од 115-те фотографии кои пристигнале од повеќе градови во државата, жирито избра 36 кои се дел од патувачката изложба, а од нив три фотографии беа избрани како победнички на натпреварот.

Наградени беа фотографиите „Намалена видливост“ на Фросина Насковиќ, „Овој град е светло сив“ на Ангела Петровска и „Бесконечно“ на Атанас Бајлозов.

Како што соопшти Шведската амбасада, првата награда е прочистувач на воздух „БлуЕр“ и ја обезбедува шведската компанија „БлуЕр“ и нивниот застапник за Северна Македонија „Екотип“, втората награда е исто така прочистувач на воздух од „БлуЕр“  и ја обезбедува Амбасадата, а третата награда – планинарско ранче, термос, фитнес-маичка, обезбедени од „Еко-свест“.

 Изложбата во дигитален формат може да се проследи и на фејсбук-страницата на амбасадата: Embassy of Sweden in Skopje, и на страницата на „Еко-свест“, каде што е креиран посебен албум на фотографии.

Паралелно со патувачката изложба во наредните денови ќе почне и кампања на социјалните медиуми за подигнување на свеста за аерозагадувањето и неговите причинители, како и за можните начини на кои секој поединец може да придонесе кон поздрав и поквалитетен воздух.

Кампањата ќе може да се проследи на Facebook страницата на Амбасадата на Шведска и на Instagram профилот на Амбасадата.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе