Израел ќе му понуди на Хамас шестнеделно примирје за 40 заложници

Макфакс
/ 18.03.2024 / 14:28

Израел ќе испрати делегација предводена од шефот на Мосад, Давид Барни, во Катар на разговори со Хамас за обезбедување шестнеделен прекин на огнот во замена за 40 заложници.

Израелските власти проценуваат дека овие преговори, чии посредници ќе бидат од Катар и Египет, би можеле да траат до две недели, пренесува Reuters.

Разговорите почнуваат откога Хамас предложи трифазен план за прекин на борбите, чија прва фаза вклучува шестнеделен прекин на огнот и ослободување 35 заложници во замена за 350 затвореници што ги држи Израел, пишува Times of Israel.

Покрај тоа, Хамас ќе ослободи пет жени израелски војници во замена за 50 затвореници, а израелските сили ќе се повлечат од двата главни пата во Газа за да им овозможат на раселените Палестинци да се вратат во северниот дел на Газа и хуманитарната помош непречено да тече во областа.

Во втората фаза двете страни ќе прогласат траен прекин на огнот, Хамас ќе ги ослободи преостанатите заложници во замена за повеќе затвореници, а во третата фаза, Хамас ќе ги предаде сите тела на загинатите што ги поседува во замена за деблокирање на Газа.

Израел ја отфрли опцијата за траен прекин на огнот, со што се држи до целта за целосно искоренување на Хамас веднаш штом ќе се случи размената на заложници.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе