Извадоци од книгата на Болтон за политиката на Трамп кон Иран, Кина, ОН и Русија

Поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, во својата нова книга напиша дека претседателот Доналд Трамп не го послушал неговиот совет да бомбардира три воени објекти на Иран во одговор на соборувањето на американското беспилотно летало.

Трамп, наводно бил спречен поради фактот дека може да убие 150 луѓе кои наводно се наоѓале во близина на објектите. Според Болтон, сите три објекти биле изградени од Русите, но тие чинеле многу поевтино отколку соборениот дрон.

Леталото беше уништено во јуни 2019 година. Одговорноста за ова ја презеде милитантната иранска војска Стражи на исламската револуција. Трамп првин изјави дека тие направиле голема грешка, но потоа се предомисли и кажа дека уништувањето најверојатно е случајно.

Во книгата, Болтон исто така откри дека во 2018 година Трамп ѝ забранил на американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, да се сретне со Далај Лама поради зачувување на добрите односи со Кина. Притоа, авторот смета дека одлуката била исправна бидејќи Хејли имала „проблем со политичкиот инстинкт“ и таа била ангажирана во тимот на Трамп само за да привлече гласови од женските избирачи. Болтон го разубедувал од тоа решение.

Во друг дел од книгата, Болтон истакнува дека Вашингтон ѝ поставил на Русија тешки услови за обнова на Договорот за уништување на ракетите од мал и среден дострел. Притоа, за Вашингтон било важно да добие поддршка од останатите членки на НАТО. Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, тогаш им укажал на Американците дека Европа е загрижена поради ваквата одлука и дека таа ќе создаде проблем за регионот.

Болтон истакнува дека Трамп можеби не ја разбира во целост суштината на договорот. Се наведува дека тој можеби сметал дека договорот влијае на раширување на нуклеарниот потенцијал. 

Промоцијата на книгата, насловена „Собата каде тоа се случи“ крена голема прашина во Вашингтон. Државниот секретар Мајк Помпео го спореди Болтон со изгонетиот „свиркач“ Едвард Сноуден. Белата куќа води судска битка за повлекување на книгата од продажба поради откривање на „строго доверливи информации“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе