Изведе најлоша „паненка“ и преживеа
Играч на Колчестер сакаше да се направи важен против Тотенхем, но изведе катастрофален пенал. Сепак, неговиот тим на крајот победи и приреди огромно изненадување.
Јамајканецот Џевани Браун проба да се истакне за време на пенал-рулетот на неговиот Колчестер против Тотенхем, но голманот лесно го одбрани неговиот крајно лош обид за популарната паненка. Иако ја промаши страната, голманот имаше време да стане и лесно да ја боксува топката.
Неговата глупост за среќа не влијаеше на конечниот резултат бидејќи третолигашот Колчестер победи со 4:3 и го исфрли големиот Тотенхем од англискиот Лига куп.
*Фамозниот пенал е на 0:55.