Повеќе од 495 илјади спорни гласачи излегле по извршената вкрстена проверка на податоците за запишаните гласачи во единствениот избирачки список, што Државната изборна комисија (ДИК) ја вршеше, последниве денови од податоците на Министерството за внатрешни работи, со уште десет други институции, пишуваат медиумите.
Повеќе од 190.000 илјади се евидентирани како фиктивни гласачи, односно како што пишува во извештајот, гласачи кои ги има во базата на податоци во МВР, но не се појавуваат во базите на останатите инстиутции.
Околу 370 илјади имаат валидни документи, а 123 илјади се без валиден документ.
Од Државната изборна комисија велат дека ќе прават дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките, пред да преминат на теренската проверка.
Членовите на ДИК во средата не се договирја да го изгласаат извештајот и најавија дополнителни проверки, по што ќе закаже седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки.
За изборите да се одржат на 5-ти јуни, избирачкиот список треба да биде готов до 17-ти април.