Извештајот на СЈО пред Советот на јавни обвинители, Јанева нема да присуствува

Советот на јавните обвинители ќе го разгледува извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство за неговата работа во првите шест месеци.

Од Советот соопштија дека на седницата се поканети да присуствуваат Јавниот обвинител Марко Зврлевски и Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Од Специјалното обвинителство велат дека Јанева нема да присуствува на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Оттаму велат дека немаат законска обврска да присуствуваат и oти досегашната воспоставена практика покажува дека ниту еден обвинител претходно усно не го образложувал извештајот што го доставил до Советот.

Специјалното обвинителство писмено го известил Советот дека нема да присуствува на седницата. На дневен ред на Советот се три точки од кој последната е токму разгледувањето на шестмесечниот извештај на Јанева.

На седницата на Советот на јавни обвинители ќе се разгледува и спорот меѓу Зврлевски и Јанева за неколку предмети кои Јавното обвинителство на РМ одбива да ги даде на Специјалното обвинителство

Специјалното јавно обвинителство го испрати извештајот за шестмесечното работење до надлежните институции како и до Собранието, кое пак седница за негово разгледување закажа за 28 март.

Во извештајот Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, најавува дека во најскоро време може да се очекуваат и првите обвиненија, анализирајќи дека во овој период се започнати многу предистражни постапки, од кои дел се во поодмината фаза, а дел поминале и во фаза на истрага.

Во делот од извештајот „предметно постапување“, Специјалното јавно обвинителство реферира дека во овие шест месеци Обвинителството отворило вкупно 150 предмети.

Триесет од предметите се во истражна постапка против 80 лица. За неовластено прислушување покрената е постапка против шест лица, против десет лица за повреда на избирачкото право, против 37 лица за злоупотреба на службената положба и овластување, 12 лица за кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите” и други кривични дела кои главно се поврзани со изборни нерегуларности.

Обвинителството отворило вкупно 120 предистражни постапки, од кои 50 предмети во 2015 година и 70 предмети во 2016 година. 

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе