Останати спортови

Извини Мекгрегор, Хабиб сака да се пресмета со Сен-Пјер

17. септември 2019 - 11:08 | А.С.

Конор Мекгрегор се надеваше дека ќе добие шанса за реванш со Хабиб Нурмагомедов, ама сите надежи на Ирецот беа срушени со еден коментар на таткото и менаџер на Дагестанецот.

Актуелниот УФЦ шампион во лесна категорија има низа од 28 победи и ниту еден пораз во исто толку натпревари.

Таткото на Нурмагомедов изјави дека тој сака да ја достигне целта од 30 непоразени дуели и да се пензионира со совршен скор во октагонот.

Оваа вест е разочарување за Мекгрегор кој се надеваше дека ќе може да се „одмазди“ за поразот од Хабиб во 2018 година.

Дагестанецот ја одбрани титулата минатиот викенд, откако убедливо го порази Дастин Поарје на 242. УФЦ настан.

По таа борба, таткото на Хабиб, Абдулманап, рече дека неговиот син знае кога е доста и додаде дека сака збогувањето од кариерата да биде во Москва.

„За Хабиб, 30-0 е доволно“, рече тој.

Мекгрегор побрза да побара реванш, и тоа во Москва.

Но, тимот на Дагестанецот не е заинтересиран за реванш со Мекгрегор, туку се надева на мегаборба со Жорж Сен-Пјер.

Коментирај