Фудбал
ШПАНСКИ СУПЕРКУП 2019/20

Извлечени двојките за новиот формат на шпанскиот Суперкуп

11. ноември 2019 - 18:32 | Ф.З.

Можно Ел Класико во финалето, така реши денешната жрепка која ги даде полуфиналните двојки во шпанскиот Суперкуп во кој за првпат ќе учествуваат четири екипи.

Наместо победникот на лигата да игра против победникот на купот, според новиот формат во Суперкупот на Шпанија може да се случи во финалето да играат третиот против четвртиот од Ла Лига.

Шпанската федерација се одлучи за драстични промени. Не само што овој мини турнир ќе се игра во Саудиска Арабија, нормално, за профит, туку на него ќе учествуваат четити екипи. Досега се играа по два натпревара дома и на гости, додека лани се одигра еден, на неутрален терен во Мароко.

Барселона учествува како победник на Ла Лига, Валенсија како победник на Копа дел Реј, Атлетико како втор и Реал Мадрид како трет во Ла Лига.

При жребувањето немаше ограничувања, односно можеше да се падне секој со секого. Валенсија налета на Реал Мадрид, додека Барса ќе игра против Атлетико.

Распоред:

8 јануари 2020
Валенсија - Мадрид

9 јануари 2020
Барселона - Атлетико

12 јануари 2020
финале

Сите натпревари ќе се играат на „Крал Абдула“ стадионот во Џеда. РФЕФ им постави услов на Арапите на натпреварите да им биде дозволен влез и на жени, на што организаторот се согласи.

Најмногу победи има Барселона, вкупно 13 од кои последен пат во минатогодишното издание. Реал Мадрид има 10, последен пат во 2017, Атлетико има 2 и тоа во 1985 и 2014, додека Валенсија победи само на изданието во 1999 година.

Коментирај