Јанева и Фетаи казнети по 2.000 евра на рочиштето за „шлаканици“

Специјалните јавни обвинителки, Катица Јанева и Фетиме Фетаи денеска беа казнети со по 2.000 евра поради непочитување на судијката Татјана Михајлова, на рочиштето во Кривичниот суд за нарачаните „шлакланици“ за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и за немирите пред општината, во 2013 година.

Обвинителките ја обвинија судијката дека направила фалсификат на записникот од минатото рочиште за судењето за насилните протести пред општина Центар, кога запишала дека новинарите не биле во салата само кога се преслушувале доверливи материјали, на што Фетаи забележа дека новинарите не биле во салата и кога таа го образложувала обвинението.

Фетаи најави дека за ова против судијката ќе поведат постапка, а дека новинарите ќе ги викнат за сведоци.

За глобата изречена до обвинителките, Фетаи забележа дека тоа се пари од заедничкиот Буџет, по што Михајлова го прекина рочиштето за тоа што немало услови тоа да се одржи, а наложи сите списи од денешното рочиште да се достават до Советот на јавни обвинители, како, според нејзе надлежен за СЈО. Фетаи забележа дека Советот не е надлежен и ѝ порача на судијката да продолжи да го крши законот.

Во случајот за насилство обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Меѓу обвинетите е и Никола Груевски, поранешен премиер, кој денеска се појави на рочиштето, поранешниот министер Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова.

„Ова најмалку личи на судење, ова е циркус“, рече Никола Груевски, првообвинет во овој процес.

Судењето е одложено за 10 март.

Овој случај на СЈО произлегува од аудио снимка на разговор меѓу Груевски и Јанакиески пред седницата на Советот на Општина Центар во јуни 2013 година на која требало да бидат поништени неколку детални урбанистички планови, меѓу кои и оној за Мал ринг, каде наводно Груевски нарачува некој да појде и на градоначалникот Андреј Жерновски да му удри две-три шлаканици.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Македонија

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Читај повеќе

ДУИ: Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети

Читај повеќе