Македонија

Јанева ќе биде спроведена на кардиолошки преглед во „Жан Митрев“

10. октомври 2019 - 12:26 | МИА
Скопје, 10 октомври 2019 (МИА) – Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска од истражниот затвор ќе биде однесена во клиниката „Жан Митрев“ каде ќе ѝ биде извршен интернистичко кардиолошки преглед, потврди за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.

Здравствената состојба на Јанева, според нејзините адвокати, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност.

Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.

Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да ѝ биде заменет со куќен притвор, но судот го одби ова нивно барање. 

Коментирај