Јанева по претресот во СЈО донесена повторно дома

Скопје, 21 август 2019 (МИА) – Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која со полициска придружба попладнево го напушти СЈО, повторно е вратена во нејзиниот дом во скопската населба Козле.

Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека полицијата влегла во СЈО со налог да се одземе компјутерот на Јанева. Засега нема информации зошто Јанева е вратена дома.

Се очекува во текот на денов таа да биде изведена пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Јавното обвинителство за одредување мерка притвор.

ЈО бара притвор за Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Полицијата денеска по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом, по што со полициска придружба беше донесена во СЈО.

Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник La Verità, вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе