Македонија

Јанева разрешена и од ОЈО Гевгелија

16. септември 2019 - 13:28 | МИА

Скопје, 16 септември 2019 (МИА) – Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставено вон сила делот од решението за разрешување на СЈО Катица Јанева со кое е определено дека и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија.

Претседателот на Советот на ЈО Ацо Колевски, појасни дека Специјалното јавно обвинителство и редовното државно Јавно обвинителство се посебни институции, така што, со решението таа фактички и не може да ја обавува функцијата јавен обвинител.

– Со тоа што е определено дека е ставено вон сила решението со кое и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија, фактички и веќе не може да ја обавува функцијата како јавен обвинител, изјави Колевски.

Посочи дека одлуката за престанок на функцијата на Јанева е донесена поради одлуката за нејзино разрешување од СЈО поради нестручно и несовесно врешење на функцијата.

Коментирај