Јанева со полициска придружба се упати кон Кривичен суд

Скопје, 21 август 2019 (МИА) – Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициска придружба го напушти нејзиниот дом во Козле и се упати кон Кривичниот суд, каде ќе биде изведена пред судија во претходна постапка, кој треба да одлучи по барање на ЈО за одредување мерка притвор.

Полицијата денеска два пати вршеше претрес во домот на Јанева во Козле. Таа беше приведена попладнево од полицијата по налог на ЈО, а по претресот во нејзиниот дом беше одведена во канцеларијата во Специјалното јавно обвинителство, од каде со налог ѝ беше одземен компјутерот. Потоа специјалната обвинителка повторно беше вратена во домот во Козле, од каде мебел и други предмети беа изнесени со камион. Претрес е вршен и во нејзината куќа во Гевгелија.

Во ЈО по нејзиното приведување прес-конференција одржаа државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заеменичка Лилјана Спасоска и шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска кои говореа за натамошната истрага за предметот „Рекет“ и приведувањето на Јанева.

ЈО бара притвор за Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Јовески на прес-конференција соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет“ и врз Катица Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување лична корист.

Тој кажа дека имаат докази оти Јанева остварила лична корист од околу 290 илјади денари така што влијаела на постапката овозможувајќи олеснување на позицијата на осомничен во случајот „Империја“.

Посочи дека специјалната јавна обвинителка ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more
 

Вести

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе