Јанкулоска и Јанакиески осомничени во акцијата „Титаник“ на СЈО

Специјалното јавно обвинителство ја започна првата акција „Титаник“, односно го отвори првиот предмет за изборните нерегуларности и утрово побара притвор за осум лица осомничени за изборни нерегуларности во 2012 година, а едно лице е веќе уапсено и се наоѓа пред Судија на претходна постапка.

Обвинителката од специјалното обвинителство Фатиме Фетаи ги спомена осомничените во изборните измами по функција, од што можеше да се заклучи дека првоосомничени во овој предмет се поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и секретарот на Владата во 2012 година, Кирил Божиноски. 

Но, од Обвинителството не прецизираа дали токму за овие лица е побаран притвор. Лицето коешто било уапсено имало двојно државјанство, а медиумите веќе јавија дека станува збор за градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

Притворот е побаран поради стравување за влијание на сведоци, а Темелко е уапсен поради стравување од бегство.

Од Основниот суд 1 велат дека сите предлози од Специјалното јавно обвинителство се распределени кај судии на претходни постапки кои натаму ќе одлучуваат за одделните случаи.

Специјалното јавно обвинителство отворило истражна постапка против повеќе лица кривични дела, злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања.

Како што образложи Фетаи, во 2012 година министерот за внатрешни работи, министерот за транспорт и врски и секретарот на Владата, сите членови на Извршен комитет на партија (под претпоставка – владејачката ВМРО-ДПМНЕ), заедно со други, засега непознати лица, создале група и план и на повеќе лица незаконски им овозможиле да гласаат, врбувале и носеле лица од странство да гласаат на изборите, но и преку насилство влијаеле на изборниот процес со цел нивната партија да победи на изборите и да остане на власт.

„Од ова произлегува дека се работи за целосна криминализација на изборниот процес, со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица кои по никој основ не смеат да бидат. Имено, некои лица се фотографирани во еден град, а лична карта добиле во друг град, односно во општина Центар, се разбира и во избирачкиот список се таму, и гласале, потоа определени се 15.000 нови матични броеви, тука да не стане забуна, не се работи за новороденчиња, изготвени се 35.000 лични карти кои не се подигнати од барателите, и никој не знае зошто стојат во МВР, имаме и 60.000 нови македонски државјани, а што се однесува до дијаспората и улогата на конзуларните претставништва, за неа ќе се отвори посебен предмет, што би рекол почитуваниот г-дин Прибе“, рече Фетаи. 

Освен со ова, на изборниот процес се влијаело и со насилство, поткупи, злоупотреба на државни капацитети за партиски цели, злоупотреба на медиумите, злоупотреба на јавните фондови и незаконско финансирање на изборната кампања.

„Министерот за внатрешни работи ја впрегнал целокупната, и човечка и техничка инфраструктура за да го состави избирачкиот список по волја на интересите на партијата од која доаѓа. Избирачкиот список да не стане забуна, по закон го води ДИК, меѓутоа податоците во истиот, речиси во 90 отсто се податоци кои потекнуваат од службите во МВР. Се разбира дека тука се вклучило и Министерството за правда преку матичните одделенија, меѓутоа кај нив дејствијата сé уште се во фаза на основи на сомнение. Конкретно, кога се јавила потребата за нови сигурни гласачи Министерот за внатрешни работи ангажирал голем дел  од капацитетите и подредените ги погазиле сите закони, правилници, упатства за работа за постигнување на таа цел“, појасни Фетаи. 

Првин се вршело фотографирање за лични карти и со тоа влегување во системот на лични карти, па системот на информатика си ја завршил работата и со тоа се вметнале нови гласачи во избирачкиот список, а отпосле живеалиште за тие лица. Но во целиот овој систем, како што изјави Фетаи, имало полицајци и вработени во управните служби кои одбиле да ги вршат овие незаконски дејствија.
 
Специјалното обвинителство во петок отвори истрага и против членови на Општинската изборна комисија во Чаир, затоа што постоело основано сомнение дека сториле кривично дело „изборна измама“, со оглед дека во записниците од извршеното гласање за градоначалник на Општина Чаир во 2013 година наводно извршиле преправање на резултатите и против едно лице од комисијата, исто така, е поднесен предлог за определување мерка притвор поради опасност од влијание врз сведоците и соучесниците.

Отворена е, исто така, истрага и против пет судии на Управниот суд во Скопје и четворица членови на Државна изборна комисија (ДИК) од 2013 година за кривично дело – „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Извесно е дека истрагите ќе се прошируваат и нема да биде поштеден никој кој дејствувал на криминален начин“, порача Фетаи. 

Освен овој случај Специјалното јавно обвинителство започнало и други повеќе предистражни постапки, а се правата проверки и отворање и на други предистражни постапки. Засега започнати се предистражни постапки за предметот„ Маѓар Телеком“, кој е побаран од обвинителството за организиран криминал, како и за аферата во јавноста позната како „Надеж“ за кој предмет е изготвено писмо со барање за достава. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе