Јавна дебата за економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот

Скопје, 22 февруари 2019 (МИА) – Декриминализација на употребата на канабисот може да има економски бенефит за граѓаните, за земјоделството и за државата, порача учесниците на јавната расправа на тема „Економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот“, што се одржа денеска во рамки на собраниската седница на Комисијата за економски прашања.

Пратеникот Павле Богоевски рече дека нивото на законско регулирање на канабисот во нашето општество е многу ниско.

– Република Македонија и тоа како е зрела за декриминализација на употребата на канабисот и таа зрелост треба да преточиме во законски норми што е можно поскоро. Апелира до колегите пратеници да се зафатиме со тие работи уште веднаш после претседателските избори, изјави Богоевски.

Нагласи дека државите што ја промениле својата политика во однос на канабисот од аспект на декриминализација веднаш бележат поефективно управување со полициските ресурси.

Адвокатот и основач на здружението за канабис и зелени политики „Билка“ Јанаки Митровски, рече дека нивна првенствена заложба е декриминализација на канабисот кога нема елементи на продажба и измени на Кривичниот законик со кои ќе се одреди што е помала количина за лична употреба.

– Измени со кои законски ќе се одреди која количина државата ја смета за лична употреба во услови кога нема други елементи на продажба, што ќе доведе до состојба на владеење на правото, дестигматизација на уживателите на канабис и нивна декриминализација, но и ќе донесе директни и индиректни економски бенефити за државата, која веќе нема непотребно да ги користи и онака сромните ресурси и ангажира високо образовани инспектори, вештачења на канабис, обвинители и адвокати, изјави Митровски.

Посочи дека досегашната состојба на тенденција на казнување води до заклуок дека на територија на некои градови како Скопје, Тетово и Велес има повеќе лица кои поседуваат дрога поради продажба, отколку што има лица кои користат дрога.

Во однос на законските измени од 2016 година рече дека имаме една парадоксална состојба да во декември 2018 година имаме 15 правни лица кои имаат лиценца за одгледување на канабис, меѓутоа отсуствуваат бенефитите за граѓаните.

– Ние немаме никаков проблем комерцијалните лица остваруваат бенефит, но каде е бенефитот за граѓаните. Оваа држава овозможи златна кокошка бизнис на мала група на правни лица, а граѓаните пациентите немаат ниту бенефит. Од друга страна паралелата е дека граѓаните и оние кои се нашле во немоќ се гонети, истакна Митровски.

Професорот Ѓоше Стефков од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, рече дека нивото на расправите во нашата земја е многу високо и свесноста за оваа проблематика е многу висока.

– Ако ги споредите легислативите од земјите од Европа за употреба на канабис за медицински цели со нашата легислатива ќе видите дека, иако е далеку од совршена ние сепак имаме нешто, што сега го менуваме и работиме на тоа нешто. Сметам дека сме доста понапред и оваа јавна расправа го покажува тоа, изјави Стефков.

На јавната дебата учествуваа повеќе професори и специјалисти, претставници на граѓанскиот сектор и  пратеници.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе