Музика

Јоко Оно објави своја верзија од мегахитот „ Imagine“ кој го напиша за Ленон

12. октомври 2018 - 12:23 | М.Д.

Новиот аранжман го освежи со амбиентални тонови додека подоцна се слушаат и познати мотиви од клавир.

47 години откако на својот сопруг му го напиша мегахитот „Imagine“, Јоко Оно, објави нова верзија од истата песна, пишува „Guardian“.

Со нејзиниот нов албум „Warzone“, 85-годишната Јоко Оно новиот аранжман го освежи со нови амбиентални звуци, проследени со познати мотиви на клавир.

Новиот албум носи и други теми кои Јоко Оно ги напиша помеѓу 1970 и 2009 година.

Од тогаш ја продолжи својата кариера во визуелна и концептуална уметност.

Таа го позајмуваше и гласот во филмот „Островот на кучињата“, толкувајќи лик на научник по име Јоко Оно.

Коментирај