Јовановски: Тврдењата на обвинителката се цитати од филмови, а не цврсти докази

Пред вас е идниот лидер на оваа земја, бидејќи не учествувам во кривично правен настан, туку во политички прогон и 11 месеци сум држен во притвор, рече обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 во завршен збор за случајот „Рекет“.

На почетокот, Јовановски се пожали што во судницата не е присутна јавната обвинителка Вилма Русковска, за да го чуе додека зборува облечен во бело, исто како Тито.

Бледите завршни зборови на јавната обвинителка, рече тој, беа цитати од филмови, а не цврсти докази како што личи на ваков кривично правен настан.

– Зоран Милески е пуштен со агенда, затоа што е агент провокатор и се ближат избори, изјави Јовановски.

А тука, нагласи Јовановски, гоните двајца невини луѓе.

– Кој му дозволи на Јордан Камчев да бара помош од Бугарија за да конструира вакво нешто. Сигурно не е случајно уривањето на СЈО и 1 ТВ, изјави Јовановски.

Имам, рече тој, отворено сомневање на правно-политичкиот систем и спрегата со Зоран Милески.

– Ова лажно Луј Витон обвинение е засновано само врз изјавата на Јордан Камчев. Камчев може дал милион евра, а може и повеќе, но не на Бојан Јовановски. Можеби и затоа не дозволивте вештачење на мојот телефон, рече Јовановски.

Тој, пред судот покажа фотографии со куфер Луј Витон, за кој вели дека го купил во 2012 години во Виена, и за кој обвинителката Вилма Русковска кажала дека е чантата од видеото на Камчев сликана во домот на неговите родители.

– Одговорно тврдам дека таа Луј Витон чанта на Зоран Милески ја немам допрено и не знам што има внатре. Тој само ме остави кај моите родители, изјави Јовановски.

Не се вештачи мојот телефон, рече тој, бидејќи ќе се види комуникацијата и врската меѓу Сашо Мијалков и тогашниот премиер Зоран Заев.

– Јас сум бил сведок каде лично им е ветувано олеснување ако го поддржат референдумското прашање. И на Сашо Мијалков му е вратен пасошот, па никој не прашува, изјави Јовановски.

Тој рече дека не се плаши од никого, а на почетокот најави дека ќе ја отвори целата „пандорина кутија” и се надева дека судот ќе почне постапка по допрен глас.

реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Хроника

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Read more

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Девојка тешко повредена откако со велосипед удрила во пешак

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе