„Не е точно дека Република Македонија е блокирана од снегот, не е точно дека има отсечени градови. Каде Бочварски и СДСМ ги видоа стотиците сообраќани несреќи или верижните сообраќајни незгоди што ги спомнуваат. Можеби во соседните земји“, прашуваат од ЈП државни патишта.
„Се чини дека само СДСМ е слепа на временските услови што ја зафатија цела Европа. Институциите во Република Македонија останаа на висина на својата задача создавајќи услови за одржување на сообраќајот на сите државни патишта. Оваа година средствата за зимско одржување на патиштата е во висина од околу 390 милиони денари, што е значително висока сума во споредба со средствата кога СДСМ беше на власт“, велат од ЈП државни патишта.
Оттаму додаваат дека институциите ќе продолжат и во наредниот период деноноќно да излегуваат на терен и да си ја извршуваат работат со целата своја механизација за да обезбедат непречен и безбеден сообраќај за сите граѓани во Република Македонија.