Јулија Скрипал: Обидот за убиство ми го преврте животот наопаку

Јулија Скрипал, ќерката на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал, вели дека нејзиниот свет потполно се превртел наопаку, но дека е среќна што е жива и без оглед на сите околности таа планира да се врати во Русија.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа пронајдени онесвестени на 4 март на клуба во јужниот англиски град Салисбури. Јулија беше 20 дена во кома.

„Се разбудив по 20 дена поминати во кома и дознав дека јас и мојот татко сме биле отруени. Фактот дека е употребен нервен агенс е шокантен и тешко беше да се прифати тоа“, вели Јулија.

Пред 20 дена Јулија Скрипал беше пуштена од болница, откако беше потврдено дека таа нервниот агенс веќе не делува опасно на нејзиното здравје. Изјавата за Reuters таа ја даде од тајна локација во Англија.

„Благодарни сме на понудата на руската амбасада и нивното гостопримство, но во моментов јас и мојот татко не сме подготвени да ја прифатиме нивната помош“, додаде таа.

Таа не сакаше да зборува премногу за деталите околу лечењето, престојот во болницата и опоравувањето, но призна дека нејзиното опоравување, како и на нејзиниот татко, биле исклучително болни и тешки. Таа вели дека лечењето било депресивно, поради тоа што тие двајца воопшто немале приватност и знаеле дека во секој момент може да се случи нешто лошо.

Велика Британија и раководството на ЕУ ја обвинија Русија за труење и обид за убиство на Сергеј и Јулија Скрипал. Британските државници тврдат дека нападот е извршен со нервен гас кој е познат под името „новичок“. Наводно, тој се произведувал во поранешниот Советски Сојуз, но од Москва тврдат дека таков гас ниту се произведува, ниту пак некогаш се произведувал на нивната територија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе