Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Лестер одиграа 1-1, во дерби мечот, одигран во рамките на 36-то коло, во Премиер лигата.
Лестер на „Олд Трафорд“ можеше да ја обезбеди шампионската титула, но не успеа да го совлада Манчестер Јунајтед, па сега има осум бодови пред Тотенхем. Инаку, Лестер се уште има шанси на две кола до крајот математички да ја обезбеди титулата, а тоа може да се случи ако во понеделник Тотенхем не победи против Челзи.
Победата ја посакуваше и Јунајтед, кој не се откажал од четвртата позиција. Јунајтед сега има 60 бодови и е на петтото место.
Натпреварот во Манчестер беше решен во првите 17 минути, Јунајтед стигна до предност преку Марсијал во осмата минута, а израмни Морган девет минути подоцна.
Второто полувреме донесе динамичен фудбал, со неколку шанси за постигнување на гол на двете страни, но мрежите мируваа.
Лестер натпреварот го заврши со играч помалку, во 87. минута Дринквотер го заработи вториот жолт картон.