Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер ќе отсуствува три недели поради повреда на мускулот.
Мегваер се повреди на тренинг, има шанса да игра во финалето на ФА купот, а како што денеска објави Sku Sports, се очекува да биде подготвен за Европското првенство.
Финалето на ФА купот меѓу бранителот на титулата Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе се одигра на 25 мај во Лондон.
Европското првенство е закажано од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, има големи проблеми во последната линија на тимот, бидејќи повредени се Рафаел Варан, Лисандро Мартинес и Виктор Линделеф.
Дефанзивецот Џони Еванс се врати на тренинзите, но неизвесно е дали ќе биде во составот за натпреварот вечерашниот напревар Кристал Палас.