Култното дело на Рудијард Киплинг, „The Jungle Book“, што го видовме во дизниевиот анимиран филм во 1977 година, добива нова, филмувана верзија, во режија на Џон Фавро (Iron Man). Продукцијата објави први официјални фотографии од актерската екипа и ликовите на животните што ги глумат.
Скарлет Јохансон е Ка
Идрис Елба е Шир Кан
Кристофер Вокен е Кинг Луи
Лупита Најонго е Ракша
Џанкарло Еспозито е Акела
Бен Кингсли е Багира
Гласовите ќе ги позајмат Бил Мареј, Идрис Елба, Скарлет Јохансон, Бен Кингсли, Кристофер Вокен, Лупита Најонго, Џанкарло Еспозито и други.
Приказната за детето Могли што ќе порасне во џунглата и ќе биде одгледанo од животни, добро ја знаеме сите. А овојпат ќе ја видиме во вистинска филмска верзија, во комбинација со специјални компјутерски ефекти.
Премиерата на филмот ќе се случи на 16 април.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=HcgJRQWxKnw]