Junk Free, Guilt free мисијата продолжува

Уште од млади години учиме дека овошјето и зеленчукот се здрави за нас. Но, со текот на времето, процесот на стареење и зголемувањето на дневните обврски, честопати ги забораваме мудростите стекнати на рана возраст. Истражување направено во 2015 година покажува дека од сите возрасни групи, само деца од возраст 1 до 8 години ја консумираат препорачаната количина на овошје и зеленчук. Резултатот од истражувањето укажува дека модерниот животен стил го ограничува времето за внесување на целосен здрав оброк.

Од друг аспект, храната не е наменета само за задоволување на гладот и обезбедување на неопходните хранливи материи за оптимална функционалност на телото, туку и за спречување на болести поврзани со исхраната, како и за подобрување на физичката и менталната благосостојба на консументот. Внесувањето на сировата храна, посебно најосновните намирници- овошје и зеленчук, е поврзано со намалениот ризик од хронични и незаразни болести.

Автор на фотографијата: Стефанија Видовски

Чисто „Clean – junk free“ јадење претставува начин на исхрана кој што ја потенцира консумацијата на сирова храна, во нејзината најмалку обработена состојба. Тоа вклучува редовно внесување на овошје и зеленчук, ореви, семиња и ниско-обработени протеини, но во ниеден случај не изоставува цели групи на храна.

Со оглед на тоа, здравите сирови закуски, кои најчесто се во форма на бар или колач, се истакнуваат во овој начин на исхрана бидејќи овозможуваат практичност во консумација, иновативност во производство, и висока нутритивна вредност во мала количина. Настрана од тоа, тие се произведуваат со природни состојки, односно, ги имаат сите бенефити на сировата храна, додека се истакнуваат со нивната достапност. Поради тоа, трендот на здрави сирови закуски забрзано расте, и се првичниот избор за ужина на повеќето, особено кај луѓето со динамичен животен стил. 

Во чекор со овој тренд, пронајдете ги четирите нови вкусови на Виталиа сировите барови на база на овошје и зеленчук кои ги задржуваат оригиналните хранливи материи и минерали, додека вкусот на состојките останува со истиот интензитет. Овие ужинки се ослободени од какви било преработени состојки и наместо тоа содржат висок процент на суво овошје, зеленчук и интегрални житарки. Настрана од тоа, се карактеризираат со сладок вкус добиен од изобилството на овошје, без додадени шеќери, без глутенски состав, и совршено се вклопуваат во вегански режим на исхрана.

Имајќи го тоа предвид, придружете ни се на Junk Free, Guilt Free движењето, и дозволете Виталиа да ви биде мотивација за “Clean” исхрана, и водич на патот кон здравиот животен стил.

*Промотивен текст.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Здравје

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Комбинација од две намирници е најдобриот појадок за здрави црева

Read more
 

Магазин

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе