Фудбал

Јуриш на Интер, тргна по Алексис Санчес и Артуро Видал

19. август 2019 - 10:47 | Ф.З.

Тимот од Милано веќе е во завршни преговори за позајмица на двајцата Чилеанци, а конечен расплет се очекува во наредните 24 часа.

Преминот на Алексис се очекува да се оствари уште денеска откако самиот играч прифатил намалување на платата само за да дојде во Интер. Во Манчестер Јунајтед тој е вишок и не е во плановите на тренерот Оле Гунар Солскјер. Останува уште двата клуба да ги договорат деталите бидејќи Интер нуди 4,5 милиони фунти сега плус 16,5 наредното лето за двегодишна позајмица додека Јунајтед бара 21 милион и тоа веднаш.

Што се однесува до Видал, токму новиот извршен директор на Интер, Бепе Марота порано го доведе од Леверкузен во Јувентус. Сега Видал е во Барса каде не е прв избор на Ернесто Валверде. Неговиот договор истекува наредното лето, а Барса бара 20 милиони евра за Чилеанецот сега да премине во Интер. Видал во Јуве беше заедно со тренерот Антонио Конте, уште една причина поради која самиот играч е решен да дојде во Милано.

Коментирај