Фудбал

Јувентус сака да го ангажира Де Хеа по завршувањето на договорот со Манчестер

8. септември 2019 - 15:37 | МИА

Италијанскиот шампион Јувентус покажа интерес за голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, пренесува Footbal Italia.

Според првичните информации, Шпанецот одбива да го обнови договорот со Манчестер Јунајтед и ќе стане слободен агент на крајот на сезоната.

Јувентус сака да го добие Де Хеа без обештетување и се очекува да направи прелиминарен договор со голамнот во јануари.

Доколку Де Хеа дојде во Јувентус, сегашниот голман Војчех Шчесни ќе го напушти Торино.

28-годишниот Де Хеа има одиграно четири натпревари за Манчестер Јунајтед оваа сезона, прими четири гола и еднаш одбрани сигурен гол.

Коментирај