Свет

Јужна Кореја: Челникот на Sumsung осомничен во корупциски скандал

11. јануари 2017 - 9:58 | Макфакс

Наследникот на Sumsung, Ли Јае-јонг, ќе биде интервјуиран како осомничен во курупциски скандал поврзан со отповиканата претседателка на Јужна Кореја, објави британски BBC.

Компанијата е обвинета за давање донации за непрофитни фондации управувани од Чои Сун-сил, блиска пријателка на претседателката Парк Геун-хјуи.
Наводно донацијата била направена во замена за политичка поддршка на контроверзно спојување на две компании.

Челникот на Samsung утре ќе се соочи со специјалните обвинители, јавија официјални лица. Тој веќе е сослушан од страна на политичари во врска со скандалот на собраниска расправа.

Samsung одби да коментира. 

 

Коментирај