Јужноамерикански гуштер го скрши „златното правило“ на еволуцијата

Демијан Ескере, истражувач од Австралискиот национален универзитет, тврди дека дошол до историско откритие кое го поништува „златното правило“ на еволуцијата, според кое животинските врсти не можат да ги повратат карактеристиките кои ги изгубиле во тек на еволуцијата.

Австралиската државна телевизија ABC на сопствениот сајт ја објави приказната за истражувањето на Ескере и контроверзното сознание кое се однесува на животот на неколку посебни видови на јужноамерикански гуштер.

Во истражувањето се наведува дека гуштерите кои порано се размножувале со положување јајца, кога се преселиле во новото живеалиште на Андите се претвориле во видови кои раѓаат живи потомци за да се прилагодат на новото опкружување.

Ескере тврди дека неколку од овие видови повторно се вратиле на положување јајца, кога научниците ги спуштиле од планинските врвови во потоплите краишта.

„Инкубацијата на јајца не е доволно добра на ниски температури, а секако дека на врвовите на Андите е прилично ладно. Положувањето на јајца во таквото опкружување не било идеална опција, па тие се приспособиле да раѓаат живи потомци. По истражувањето, имаме силни докази дека тие рееволуираа и повторно се приспособија да несат јајца откако се преселија на потопло живеалиште“, вели Ексере.

Тој додава дека ниту еден животински вид досега не успеал да рееволуира, односно да ги поврати карактеристиките кои ги изгубил во тек на еволуцијата.

Истражувањето на Ескере беше објавено во научниот магазин Evolution, и во него се наведува дека „преминувањето од несење јајца на раѓање живи младенчиња и повторно на несење јајца е исклучително ретка појава во еволутивниот процес“. Според Доловиот закон за неповратност, односно „златното правило“ на еволуцијата, еден жив примерок не може да ги поврати карактеристиките кои ги изгубил како резултат на еволуцијата. Овие гуштери го докажуваат спротивното.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе