Кајгана Медиа вработува специјалист за дигитални комуникации



Вистинската личност за ова работно место - живее и диши на социјалните мрежи како Facebook, Twitter и Instagram. Специјалистот за дигитални комуникации ќе биде одговорен за дигиталните активности на дел од нашите клиенти кои веќе имаат силно присуство на дигиталните медиуми.

Работни обврски и одговорности 

- Креирање на годишни стратегии за дигитални комуникации и нивна реализација

- Креирање на комуникациски планови и развој на содржина за социјални мрежи

- Менаџирање со онлајн заедници на социјални мрежи

- Мониторинг, анализа и мерење на перформанси на активностите реализирани преку комуникациските канали

- Креирање извештаи

Потребно знаење и вештини: 

- Реално искуство со планирање, менаџирање и реализација на дигитални иницијативи

- Познавање на медиумски стратегии и медиумските улоги во интегрираните комуникации

- Одлични комуникациски и аналитички способности

Искуство/образование:

- 2+ години работно искуство

- Завршено високо образование (предност маркетинг, новинарство, е-бизнис)

- Искуство со социјалните мрежи Facebook, Тwitter, Instagram, YouTube

- Искуство со пишување и уредување содржини за дигитални медиуми

Доколку си подготвен да помогнеш нашите клиенти да добијат најмногу од тоа што го создаваме и да учествуваш во возбудата која ја креираме, тогаш би сакале да те видиме. Те молиме да ни испратиш:

- Твоето резиме

- Релевантни дипломи, сертификати и писмо со препораки (доколку ги имаш)

на contact@kajgana.com 

Огласот е отворен до 15.05.2017 година. 

Само избраните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

За Кајгана Медиа

Основана од пионерите на онлајн медиумите и дигиталниот маркетинг во Македонија, Кајгана Медиа создава брендови, кампањи и дигитални платформи кои им помагаат на нашите клиенти да растат и напредуваат. Нашиот пристап и организациската култура се водат од принципите на секоја успешна дигитална стратегија: искреност, отвореност и посветеност. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе