Како беше измислен фластерот?
Овие мали помагала за рани се суштински дел од секој дом и секојдневно употребувани за „прикрпување“ на рани од тесни чевли, мала исекотина со нож, од паѓање, сопнување...и многу други нешта. Но дали знаете кога и како настанал фластерот со кој денеска не би можеле да го замислиме животот?
Фластерите постои речиси 100 години, и пионер во оваа област е компанијата Johnson & Johnson. Но оваа компанија правела поголеми стерилни парчиња на преврски, многу поголеми и поинакви од фластерите што ги користиме денес. Фластерот што го знаеме и сакаме денеска изгледа вака благодарение на една „трапава“ сопруга на вработен во Johnson & Johnson. Детали погледнете во видеото на TED-Ed.