Ако често го користите Instagram, сигурно сакате да откриете кои фотографии ви биле најпопуларни во текот на 2016 година. Постојат неколку начин да го проверите тоа, а за процедурата единствено е потребно да го впишете вашиот Instagram профил.
Направете gif
Едната од опциите овозможува да направите анимирана слика на која ќе се вртат вашите најпопуларни слики на Instagram. За тоа треба да го искористите Instagfy. На сајтот треба да го впишете вашето корисничко име, а Instagfy ќе направи gif што ќе може да го споделите на социјалните мрежи или пак да го зачувате на компјутерот.
Направете колаж со 9 слики
Ако повеќе сакате статични фотки и колажи, една од опциите е Bestnine. Пристапот е речиси ист, го впишувате корисничкото име на сајтот, а набргу потоа добивате колаж со 9 најдобри фотографии од 2016 година. Фотката исто така може да се зачува или пак да се сподели на социјалните мрежи.
Направете колаж со 16 слики
Опција е и 16bestof16 која го користи истиот пристап за да направи колажи со вашите најдобри 16 фотки објавени во текот на минатата година. Како и кај претходните две опции и оваа ја има можноста за зачувување или споделување на фотографијата.